Што треба да знае секоја жена за своето тело во дваесетите?

29 декември 2014

Веруваме дека веќе знаете како треба да се грижите за своето тело, но постојат неколку златни правила што секогаш мора да ги почитувате!

Она што е дефинитивно најважно од сѐ, е тоа што на секоја возраст мора да се почитувате и да се сакате себеси.

Без разлика на тоа како изгледате и дали имате вишок килограми, никогаш не смеете да дозволите било кој да направи да се посомневате во сопствената убавина.

Во продолжение, прочитајте ги главните правила според кои треба да се водите во секој момент од животот и никогаш да не дозволите било кој да ве обесхрабри.

1.Секоја жена на која сте и љубоморни за нејзиното совршено тело и убавина, е љубоморна на некоја друга жена!

2.Постои барем една личност на светот која би „убила“ за некој дел од вашето тело.

3.Не, не е возможно да изедете едно парче торта и да се здебелите два килограми!

4.Секој мисли дека неговите стапала се чудни, не сте единствените!

5.Големината на облеката никогаш не треба да ве загрижува, многу често тие и не се соодветни на вашата конституција.

6.Водата треба да е вашата најдобра пријателка, во што е можно поголеми количини.

7.Кога се чувствувате добро, изгледате добро!

8.Немојте да го игнорирате гладот! Внимавајте што јадете, но секогаш бидете сити!

9.Постојат денови кога ќе посакате да изедете цела семејна пица, но ќе постојат и такви кога нема да имате воопшто апетит. Без грижа, тие се секогаш во рамнотежа!

10.Само затоа што се природно витки, не значи дека не треба да вежбате.

11.Килограмите не секогаш влијаат директно на здравјето. Многу личности со вишок килограми се многу поздрави од оние витките.

12.Никој не се грижи толку за тоа како изгледате, колку вие.

13.Голема е веројатноста вашите недостатоци на телото да си ги забележувате само вие.

14.Доколку поради некоја одредена вежба не го сакате и самиот чин вежбање, тогаш пронајдете некоја во која ќе уживате!

15.Утринското кафе дефинитивно не е појадок. Никогаш не го избегнувајте!

Објавено:
29 декември 2014
Категорија: 
Убавина