Совети за брз раст на косата

24 февруари 2014

Понекогаш е потребно да направите промени во исхраната и начинот на нега на косата за да добиете добри резултати. Скапите производи не се 100% сигурен метод дека ќе ги добиете саканите резултати. Токму затоа, ќе ви понудиме пет совети кои може да ви помогнат во забрзан раст на косата.

Внесете зачини во исхраната

Сигурно не сте знаеле дека состојката капсаицин која ја има во голем број зачини, а најмногу во лутата пиперка, го стимулира растот на косата.

Пијте сојно млеко

Сојното млеко во себе содржи големо количество изофлавони кои го потикнуваат природниот раст на влакното.

Користете додаток во исхраната – биотин

Недостатокот на биотин во организамот може сериозно да се одрази на растот на косата, па добро би било во исхраната да вметнете поголемо количество домати, моркови и зелена салата. Доколку не ги внесувате преку исхраната, набавете таблети.

Масажа на главата

Масажата ја стимулира циркулацијата на крвта, која влијае во потпомагање на растот на косата.

Намален стрес

Брзиот начин на живот не изложува на големо влијание на стрес, но сите знаеме дека од него се добиваат голем број негативни последици, а дополнително влијае во квалитетот и растот на косата. Затоа пробајте да ги промените животните навики, да ги контролирате емоциите и да се опуштите.

Објавено:
24 февруари 2014
Категорија: 
Убавина