Секоја жена знае колку е значајно во секојдневната рутина на шминкање да ја поседува вистинската пудра.
Токму затоа козметичкиот бренд Lancôme во својата палета на производи секогаш нуди врвни, висококвалитетни пудри.
Како новитет од овој козметички бренд ни најавуваат дека пудрата Teint Idole Ultra 24h преоѓа во Teint Idole Ultra Wear и наскоро ќе биде достапна и кај нас во Cosmo дрогериите.
Teint Idole Ultra Wear сега повеќе од било кога ја подигнува самодовербата. Како најдобар пријател и сојузник им овозможува на жените да го изразат секој аспект на својата особина. Благодарение на формулата која никогаш нема да ги изневери, овозможува да дишеме со полни плуќа. Долготрајна перфекција е како тајно оружје за жените кои сакаат да уживаат во секој момент без компромиси.