Туширањето ја уништува косата???

13 август 2013

Според едно неодамнешно истражување на Procter & Gamble, цевките на тушот низ кои поминува водата, содржат висока концентрација на бакар кој придонесува до оштетување на влакното на косата. Експертите констатираат дека покрај ова значајно влијание имаат и гените, но и одењето во фризерски салони.

 

 

На истражувањето работеа д-р Џенифер Марш и нејзиниот тим, а беше спроведено врз 300 испитаници од девет различни земји.

„Дури и ако бакарот не е присутен во големи количини, овој елемент е од суштинско значење за каталитичката активност на влакното на косата“, вели д-р Марш, и додава дека она што е негативно во целата ситуација е што косата има силна апсорбирачка моќ и таа го акумулира тој сегмент во коренот, а тоа потоа придонесува до негово ослабување, кинење на кутикулите на капиларите и нивно делење и одделување.

 

 

Можеби не можеме да ја смениме целата водоводна инсталација во градот како би си ја заштитиле косата, но можеме да го ублажиме ефектот на директен напад, еве како:

Користете помала количина на шампон.

Употребувајте филтер на вашиот туш, тој прочистува голем дел од водата пред да дојде до вас.

 

 

После миење на косата нанесете масло од кокос тоа ја регенерира косата од коренот кон врвовите ја прави поеластична, го зајакнува влакното и ја омекнува.

И последниот совет кој можеби е и најефикасен. Испрскајте ја косата со јаболков оцет протријте убаво и оставете да постои десетина минути, а потоа измијте со ладна, млака вода. Не само што ќе ја исчисти косата од бакарот, таа ќе биде и неверојатно сјајна, мека и убава.

 

 

Објавено:
13 август 2013
Категорија: 
Убавина