Модниот магазин Elle објави листа на најкопираните фризури и шминка, со акцент на најгламурозните манифестации. Според нивната анализа, најчесто копирани фризури и шминка се од убавиците од стариот Холивуд.
Во продолжение погледнете ги фотографиите и тоа кои убавици се најдоа на меѓу најинспиративните. Од лева страна на фотографиите пак, се дамите кои се слични на оригиналите:
Одри Хепберн
Изгледот на оваа незаборавна дама честопати е копиран. Во конкретниот случај посочуваме на Оскарот од 1954 година, односно на нејзината кратка, но бушава фризура, со задебелени веѓи и драматична шминка на очите. Остана впечатлива, а многу дами од денешницата изгледаа слично:
Лајза Минели на 45-тото издание на Оскарите, 1973
Хали Бери на 68-то издание на Оскарите, 1996
Виона Рајдер на 57-то издание на Златните глобуси, 2000
Ријана на 50-тото издание на Греми наградите, 2008
Мишел Вилијамс на 16-тото издание на Critics' Choice Movie Awards, 2011
Ема Вотсон на 64-тото издание на БАФТА, 2011
Џенифер Лоренс на 71-вото издание на Златни Глобуси, 2014
Мајли Сајрус на 56-тото издание на Греми, 2014
Елизабет Тејлор
Третиот сопруг на Елизабет, Мајк Тод ѝ подари Картие дијадема, со што ја нарече „своја кралица“.Актерката првпат ја носеше на Оскарите во 1957 година, за да покаже дека таа е Холивудска кралица. Неколку ѕвезди го следеа овој нејзин изглед буквално, но актерките Лупита Нјонго, Шрлиз Терон и Натали Портман покажаа дека и украсено венче може да биде еднакво успешна комбинација. Погледнете кој се понесе круна:
Софија Лорен на 30-тото издание на Оскарите, 1958
Ава Гарднер на 32-то издание на Оскарите, 1960
Селма Хаек на 69-тото издание на Оскарите, 1997
Скарлет Јохансон на 77-то издание на Оскарите, 2005
Натали Портман на 77-то издание на Оскарите, 2005
Кери Малиган на 67-то издание на Златни Глобуси, 2009
Шарлиз Терон на 69-тото издание на Златни Глобус, 2012
Лупита Нјонго на 86-тото издание на Оскарите, 2014
Хајден Панетијер на 66-тото изднаие на Еми наградите, 2014
Мерилин Монро
На Оскарите во 1951 година, Мерилин Монро не ја пропушти шансата повторно да шокира и да биде во центар на внимание. Нејзината платинеста коса, црвениот кармин и дијамантите беа доволни да влезе во историјата и да биде една од вечните инспирации, а една од првите што се осмели да „личи“ на неа беше Мадона, на Оскарите во 1991 година.
Мадона на 63-тото издание на Оскарите, 1991
Шерон Стоун на 64-тото издание на Оскарите, 1992
Гвен Стефани на 43-тото издание на Греми, 2001
Скарлет Јохансон на 62-то издание на Златните глобуси, 2005
Кристина Агилера на 49-тото издание на Греми наградите, 2007
Кетрин Хајгл на 80-тото издание на Оскарите, 2008
Аделе на 54-тото издание на Греми наградите, 2012
Мајли Сајрус на забавата после доделувањето на Оскарите во 2012
Тејлор Сфивт на 71-то издание на Златен Глобус, 2014
Барбара Срејсенд
На Оскарите во 1969-тата година, Барбара Стрејсенд ја доби наградата за Најдобра Актерка во филмот Funny Girl, појавувајќи се комплетно во стилот на 1960-тите. Овој ретро изглед често се среќава меѓу денешните познати дами:
Дру Баримор на 66-тото издание на Златен Глобус, 2009
Никол Ричи на 82-то издание на Оскарите, 2010
Рис Витерспун на 83-тото издание на Оскарите, 2011
Зои Дешанел на 69-тото изднаие на Златен Глобус, 2012
Џинер Гудвин на 64-тото издание на Еми наградите, 2012
Адел на 85-тото издние на Оскарите, 2013
Џулија Роберт на 71-то издание на Златен Глобус, 2014
Оливија Вајлд на 86-тото изднаие на Оскарите, 2014
Лана Дел Реј на 72 издание на Златен Глобус, 2015
Шер
Шер низ годините се појавувала во толку специфични стајлинзи што е мошне тешко да се ископираат. Но, оној од Оскарите во 1973 година остана посебно запаметен. Со нејзината долга, црна коса, уште повеќе се истакнуваше диско-вибрацијата, карактеристична за 1970-тите. Нејзината фризура е толку едноставна, но толку добра, што и после три денцении не изумира. Дури и мажи ја носат, што може да се види од примерот на Џаред Лето.
Џенифер Анистон на 51-то издание на САГ наградите, 1999
Шер на 52-то издание на Еми наградите, 2000
Лили Собиески на 71-то издание на САГ наградите, 2001
Џенифер Хадсон на 53-тото издание на Греми наградите, 2011
Гвинет Палтроу на 83-тото издание на Оскарите, 2011
Софија Вергара на 70-тото издание на Златен Глобус, 2013
Кети Пери на 55-тото издание на Греми наградите, 2о13
Џаред Лето на 86-тото издание на Оскарите, 2014
Џулија Луис Дрејфус на 72-то издание на Златен Глобус, 2015
Лорен Хатон
Кога Лорен Хатон се појави на Оскарите во 1975 година со весела креација на Халстон, таа докажа дека некогаш нема ништо посекси од благо разбушавена коса, минималистичка шминка и потемнет тен. Многу ѕвезди од тогаш најдоа инспирација во овој изглед, а во продолжение погледнете и кои:
Мерил Стрип на 51-то издание на Оскарите, 1979
Џулија Робертс на 62-то издание на Оскарите, 1990
Синди Крафорд на 63-тото издание на Оскарите, 1991
Џенифер Анистон на 56-тото издание на Еми наградите, 2004
Леа Мишел на 17-тото издание на САГ наградите, 2011
Џенифер Лоренс на 83-тото издание на Оскарите, 2011
Кристен Стјуарт на 85-тото издание на Оскарите, 2013
Емилија Кларк на 71-то издание на Златен Глобус, 2014
Грејс Кели
Месец дена пред да стане Принцезата од Монако, таа се појави на Оскарите, 1956 година. Со класична убавина и совршена пунџа таа постави нови стандарди. Оваа фризура стана безвременска, па и денес голем број од ѕвездите се одлучуваат, особено кога сакаат да постигнат вистински елегантен изглед.
Џулија Луис Дрејфус на 50-тото издание на Еми наградите, 1998
Џенифер Лоперз на 71-то издание на Оскарите, 1999
Џулија Робертс на 73-тото издание на Оскарите, 2001
Кетрин Зета Џонс на 75-тото издание на Оскарите, 2003
Бијонсе на 47-то издание на Греми наградите, 2005
Анџелина Џоли на 64-тото издание на Златен Глобус, 2007
Хајди Клум на 80-тото издание на Оскарите, 2008
Ема Стоун на 84-тото издание на Оскарите, 2012
Пенелопе Круз на 86-тото издание на Оскарите, 2014
Софија Лорен
Заедно со Брижит Бардо и Ен Маргарет, Софија Лорен беше од „Секси мачките“ на Холивуд. Појавата на италијанската сирена како што знаеја да ја наречат, на Оскарите во 1963 година и денес се памети. Со високо крената и натапирана коса, потенцирани очи и мистична насмевка, таа остана вечна инспирација:
Џоан Вудвард на 41-то издание на Оскарите, 1969
Мира Сорвино на 68-то издание на Оскарите, 1996
Џесика Алба на 78-то издание на Оскарите, 2006
Кејт Хадсон на 16-тото издание на САГ наградите, 2010
Мајли Сајрус на 82-то издание на Оскарите, 2010
Аманда Сејфрид на 85-тото издание на Оскарите, 2013
Амбер Херд на 71-то издание на Златен Глобус, 2014
Џенифер Лоренс на 86-тото издание на Оскарите, 2014