Драги дами,
За изгледот на убави и здрави нокти, придонесува и нивниот сјај и цврстина. Многу девојки и жени при практикувањето на гел нокти, во потрага по совршен изглед, потоа се соочуваат со намалено здравје и квалитет на нокти. Но, Clarissa го имаат совршеното решение.
Се работи за колекцијата Clarissa Suprema, идеална за таков тип проблеми. Се состои од т.н. “градители“ и “мономери“. Се работи за акрилен метод кој ќе ви помогне на многу лесен начин да ги добиете саканите резултати.
Suprema е спој на професионалност и современа технологија. Неспоредлива е со било која друга линија акрилни производи. Високата технологија овозможува да се постигне исклучителен квалитет при работата.
Видовите акрилен прав, од последната генерација, содржат ситни микро честици кои призводот го прават исклучително елсатичен и со самото тоа ја олеснуваат хомогената дистрибуција на производи по површината, овозможуваат да се креираат отпорни, а сепак мошне тенки нокти притоа, гарантирајќи одржливост на бојата и спречување на ефектот пожолтени нокти и менување на нивната боја. Ексклузивната транспарентност и можноста за постигнување неверојатно природен ефект, како и совршено спојување со природниот нок, гарантираат негуван и долготраен ефект.
Освен транспарентниот, постои и розов прав. Природната боја на овој прав е мошне слична со бојата на базата на природниот нокт и со самото тоа тој може да се користи за прикривање на недостатоците на природните нокти или за екстензија на базата на нокот.
Колекцијата содржи и мономерна течност која има специфичен мирис и боја. Не пожолтува ниту кога ќе дојде во допир со ултравиолетови зраци. Лесно се нанесува и одлично се само-обликува. Со својата пластична конструкција дава сосема доволна флексибилност на ноктите, додека во исто време со својата цврстина ги штити од пукање. Напредната мономерна течност го забрзува работењето поради брзата полимеризација.
Би споменала дека Clarissa Suprema содржи и правови за декорација на нокти достапни во 38 бои, како и акрилен лак кој на ноктите им дава стаклен сјај. Овој лак помага во заштита од УВ зраци, брзо се суши и се препорачува како финална заштита.
Clarissa Suprema е одлична за професионалци, но и за почетници.
Цврсти нокти со природен изглед се навистина можни!
Ваша,
Вера Мештеровиќ