Вера Мештеровиќ препорачува: Суптилна нијанса на виолетовата е мојот совршен избор за маникир

12 декември 2017

Драги дами,

Неодамна институтот „Пантон" ја прогласи ултра виолетовата за боја на годината. 2018-та ќе биде обоена во виолетово, а тоа ме инспирираше да одберам токму нијанса на виолетовата боја од богатата палета на гел-лакови на омилениот козметички бренд Clarissa.

Се одлучив за една префинета и нежна нијанса, „Priscilla" од колекцијата „Roma", што совршено прилега на мојот имиџ во секоја прилика – оваа нијанса е одличен избор за мојот маникир и кога сум на деловен состанок, но и кога ќе се одлучам за некој повпечатлив аутфит за коктел или претпразнична забава.

Балансот помеѓу елегантниот, сензуален, а истовремено суптилен печат, дозволува оваа нијанса да биде соодветна за различни прилики и да се прилагоди на сечиј индивидуален стил.

Топло ви препорачувам да ја разгледате богатата понуда на гел-лакови од Clarissa во која изборот на бои и нијанси е навистина инспиративен и не се сомневам дека ќе ја пронајдете вашата совршена нијанса.

 

Ваша,
Вера Мештеровиќ

 

*спонзорирана објава
Вера Мештеровиќ, е ексклузивен промотор на козметиката Clarissa, брендот чии почетоци се верзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија и покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

 

Објавено:
12 декември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.088 пати