Во ритамот на мирисните ноти од новиот Барбери парфем

10 јануари 2014

Брендот Барбери лансира нов женски парфем која ќе биде пуштен во продажба овој месец. Барбери Brit Rhythm е наменет за модерни дами, инспириран од акустичните музички настапи. Парфемот содржи ноти на лаванда, роза и неролија, а во срцето на се нотите од ирис, листови од боровница, цвет од портокал, мошус и јаки дрвени мириси.

 

Инаку, музиката е многу важна за креативниот директор на брендот, Кристофер Бејли кој вели дека инспирацијата од музиката стои во гените на Барбери. Парфемот Brit Rhythm тежнее кон доживувањето на емоциите, возбудата и ставот што го носи музиката во живо.

Објавено:
10 јануари 2014
Категорија: 
Убавина