Здрави оброци за вашето најмило со бебе колекцијата на Gorenje

6 ноември 2018

Нема нешто подобро за вашите деца од домашните оброци зготвени со здрави намирници и на здрав начин. Доколку сето ова можеме да го направиме за краток период и да заштедиме време за целосно да им се посветиме и да играме со нив, тогаш го имаме рецептот за среќа.

Сето ова всушност е реалност со новите производи од Baby линијата на популарниот произведувач Gorenje кои се достапни по одлични цени во продавниците за техника близу до вас.

Неверојатно е што сè истите може да направат и да ви заштедат време кое целосно можете да му го подарите на вашето малечко.

Денеска ви претставуваме два од нивните нови производи соодветни за вашите бебиња од најмала возраст и во текот на целото нивно детство.

Мултифункционалниот робот 5 во 1 ќе ви овозможи брзо и лесно стерилизирање на шишињата и цуцлите на вашите бебиња, ќе ви помогне во процесот на воведување храна на најмилите односно ќе блендира до совршеност, потоа ќе сечка на парчиња, ќе затоплува вода во секое време и секако, ќе ги задржи сите витамини на храната со готвењето на пареа.

Иако звучи неверојатно, сите овие работи можете да ги завршите само со еден апарат кој нема да ви зазема простор, а ќе ви биде од огромна помош.

Она што е особено интересно е што на истиот можете да готвите на три нивоа, така што одеднаш ќе можете да му направите здрави оброци на вашето детенце за целиот ден, а вие да се посветите на нешто друго.

Без проблем гответе овошје, зеленчук, месо или риба, заедно или одделно во зависност од потребното време за готвење на пареа.

Подгответе фини и вкусни кашички на вашето бебенце за кратко време, блендирајте ги на почетокот, а потоа со истиот апарат преминете на цврста храна која истиот ја сечка и подготвува супер брзо.

Веќе знаете дека готвењето на пареа ги зачувува хранливите состојки, па ова е совршен начин да почнете со дохрана на вашето бебе и да бидете сигурни дека ќе го добие најдоброто.

Подеднакво добар е и производот 5 во 1 Aqua Station на брендот, кој е можеби сличен на претходниот, но малку покомпактен.

Истиот можете да го носите со вас каде и да посакате, да стоплите вода за чај, за кашичка за вашето бебе, да го загреете млекото на точна температура, да готвите на пареа, да стерилизирате и уште многу други корисни работи за вашето семејство.

Без разлика за кој производ ќе се одлучите, нема да погрешите. Ние денеска ви предлагаме и еден супер есенски брз рецепт со кој ќе го зајакнете имунитетот и ќе го подобрите железото во организмот на вашето малечко.

*Потребно:

70 гр.пашканат

60 гр.компири

60 мл.сок од моркови

10 гр.житарки

Две мали лажички маслодајна репка

*Подготовка:

Излупете ги и добро измијте ги компирите и пашканатот па ставете ги да се готват на пареа во апаратот на Gorenje околу 20 – тина минути. Откако ќе се сварат, префрлете ги во садот за блендирање, додајте го сокот од моркови, па потоа и житарките. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса, додајте го маслото и мешајте додека не се соедини.

Наздравје бебе! 

*Комерцијален текст

Објавено:
6 ноември 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
786 пати