Сигурни сме дека не постои жена која за време на менструалниот циклус не посакала да има можност макар еден ден да остане дома.
Е таа желба е многу блиску да им се оствари на Шпанките.
Имено, доколку помине законот предложен од левоориентираната партија на власт во Шпанија, таа би можела да стане првата земја во Европа која воведува законска можност за менструално отсуство.
Така, жените би имале можност да земат еден до три слободни дена, а за некои исклучоци и до пет работни дена, без да бидат приморани да ги одработат
„Кога постои проблем кој не може да се реши медицински, сметаме дека е во ред да сочувствуваме и да понудиме привремен одмор, односно слободни денови“, вели Анхела Родригез, гернерален секретар на Шпанија.
Покрај ова, во Шпанија хигиенските влошки и тампони нема дополнително да се оданочуваат, а ќе бидат и бесплатно достапни за жени кои не можат да си ги дозволат.
Слични закони постојат во некои од азиските земји, меѓу кои Јапонија, Јужна Кореа и Тајван.