Духовити мини теписи што ќе ви го разведрат домашниот амбиент

30 јануари 2023

На онлајн платформата Etsy ќе наидете на бесконечно креативни идеи, реализирани како рачни изработки кои ќе ви ја збогатат содржината на секојдневието.

Во сегментот на домашното уредување, периодов хит на оваа платформа се мини теписите во форма на храна: пица, кроасан или можеби цреши е вашиот избор?

Духовити, колоритни, симпатични, заедно со себе носат ведрина во просторот и се ефективен декор кога сакате да го разиграте просторот.

Идеално би се вклопиле во секоја просторија во домот, каде сакате да ставите малку позабавен и неконвенционален акцент: во детската соба, претсобјето или во можеби во тоалет?

Фото: Etsy

Објавено:
30 јануари 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
533 пати