Првиот семеен дом на легендарниот Волт Дизни, во Лос Анџелес, каде што помина голем дел од својот живот со сопругата и двете ќерки изгледа навистина бајковито.
Волт со своето семејство живееше во двокатната куќа од 1932 до 1950. Зданието изгледа како да е излезено од некој од неговите добро познати цртани.
Се вели дека токму детали од домот го инспирирале да создаде некои од најпознатите ликови, како Снежана, Вини Пу и Мери Попинс.
Куќата што се простира на површина од 6.400 метри квадратни, вклучува четири спални сови, пет бањи, дневна на два ката и домашно кино.
Додека Дизни живеел тука, биле снимени и класиците Снежана, Пинокио, Дамбо и Боби.
Ентериерот има засводени тавани со греди, дрвени, ѕидни панели и заѕидан камин.
Домот бил изграден за два месеци и тогаш чинел 50.000 долари. Куќата во последниве години служи и за снимање на филмови, а повремено е отворена и за посетители.
Фото: Mansionglobal