Eко ресорт што произведува вода од воздух за околината

5 април 2023

Архитекти од интернационалното студио MASK дизајнираа еко ресорт којшто може да создаде вода од воздух, за свои потреби и за околината.

Станува збор за Сафари ресорт, којшто би бил од големо значење за туризмот, но и за снабдувањето со вода на околните села во Африка.

Секоја од куќичките е опремена со технологија која што овозможува производство на чиста питка вода.

Филтрите за воздух се поставени во внатрешноста на алуминиумски столбови обложени со дрво.

Тие го насочуваат воздухот при што тој се филтрира, кондензира и обработува по пат на повеќестепен систем за филтрирање.

Водата се собира во централните резервоари, а откако ќе дојде до одредено ниво, се доставува до регионите во Африка каде што е потребно.

BAOBAB Сафари куќичките се дизајнирани да бидат самоодржливи.

Околу куќите планирано е да има парцели за одгледување на овошје и зеленчук, производни погони, но и продавници за месо, леб, млеко и сирење.

Градбите се исто така дизајнирани со доза на луксуз, што дополнително би привлекло туристи.

Куќите вклучуваат дневна соба, спална, работна соба, приватен базен и балкон со надворешен туш.

Подигнати се 3,5 метри над земја, за гостите да можат да уживаат во прекрасниот поглед на околината, но и за да се заштитат дивите животни.

Фото: Instagram

Објавено:
5 април 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
117 пати