ELENA LUKA HOME најавува нов ексклузивен објект: Добредојдовте во „DIVINE“

27 јануари 2023

Реномираната градежна компанија ELENA LUKA HOME го најавува новиот ексклузивен станбен објект DIVINE

Под падините на Водно, веднаш по подвозникот и познатото училиште Кузман го сместивме префинетиот објект DIVINE.

Неговата уникатна архитектура, мермерните вертикали и кружните сводови се одликите на историската Викторијанска архитектура чија и основна функција е да тежнее кон елеганција измешана со најсовремени форми и трендови од модерната архитектура. Овој наш објект наменски е направен помал од останатите, со цел да ги опфатиме желбите на сите наши клиенти и сите атрактивни локации во Скопје.

Вистинска сензација која како бисер ќе заблеска на улицата „Томе Арсовски" веднаш спроти една од најубавите и најстари цркви во градот – Св. Петка.

Надворешните елементи се изведени до совршенство, создавајќи впечатлива фасада со заоблени прозорци кои обезбедуваат безвременски изглед и присуство и го прават DIVINE смирен, интимен и со пријателски карактер.

Повеќе за овој нов ексклузивен објект на ELENA LUKA HOME, прочитајте на овој линк.

 

Објавено:
27 јануари 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
478 пати