Како да го декорирате домот во духот на празниците

20 декември 2022

Убаво декориран дом секогаш зрачи со позитивна енергија, особено во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Освен задолжителната елка, вашиот простор може да биде збогатен и разубавен со повеќе детали, соодветни на приликата.

Еве како и со што можете да го декорирате домот во духот на празниците.

Смислете тема

Ќе биде многу добро, ако целокупниот декор биде тематски. Одредете кои бои сакате да преовладуваат, односно какви украси ќе вклучите во просторот. Усогласеноста е клучна за овој момент.

Креативна мисла

Смислете некоја убава реченица, или позајмете ја :) и запишете ја некаде каде што секој ќе може да ја забележи. Тоа може да биде на малечка црна табла или сличен простор. Внимавајте исто така на стилот, односно на фонтот. 

 

Топло и удобно

Зимата знае да биде навистина студена и не би сакале да влеземе во дом што не зрачи со топлина. Добро одбраниот декор може да помогне во тоа. Внесете перничиња, чаршави и слични детали што ќе придонесат за удобност и топлина во просторот.

Шишарки и гранчиња

Неколку шишарки и гранчиња од зимзелени дрвја ќе ја разиграат атмосферата во домот уште повеќе. Сместете ги во украсени теглички или соодветни стаклени или керамички садови и поставете ги на некоја од масичките во домот.

 Сијалички

Да не ги заборавиме и украсните сијалички. Можат да бидат во бела боја, црвени или во разни бои. Зависи од ентериерот кој што треба да го дополнат. Поставете ги на прозорецот, близу до елката, односно онаму каде што ќе биде најсоодветно.

Нешто вкусно

Секако празниците не би биле тоа без нешто вкусно на масата. Храната може да биде и еден вид на декорација, а тоа најдобро ќе се постигне со колачиња, кои што можат подолго време да стојат на собна температура.

Свеќи

Уште една важен детал што секој дом би требало да го има, украсни свеќи. Ги има во секакви форми и бои, а ваше е само да одберете. Играјте си со визуелниот момент и дополнете ги со гранчиња, суво овошје, миризливи стапчиња и слично.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
20 декември 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
712 пати