Неколку идеи како да ја декорирате празничната трпеза и да го воодушевите семејството

9 декември 2020

Многу често, најдобриот Дедо Мраз за Вашето семејство сте Вие. Постојат толку многу начини, како во текот на празниците да ги изненадите и воодушевите вашите најмили.

Една варијанта е да направите фантастичен декор за семејната празнична трпеза и да донесете радост во вашиот најинтимен семеен круг.

А со оглед на тоа дека празниците сите ќе ги поминеме дома, во најтесното семејно опкружување, имаме дополнителна мотивација да се посветиме не само на вкусната храна, туку и на комплетниот празничен изглед на трпезата.

Тоа подразбира да ѝ оставите простор на вашата имагинација да го диктира темпото. Инспирирајте се од социјалните мрежи, отворете Пинтерест или Инстаграм и „украдете" некоја идеја која ќе ја персонализирате на ваш својствен начин и ќе ја адаптирате на атмосферата во вашиот дом.

Зимзелени гранчиња, шишарки, ароматични свеќи, украсни чаршафи, малку светки и многу љубов и ќе имате резултат со кој ќе може да се пофалите, а вашите најблиски нема да одолеат.

За среќни моменти со семејството е потребна само мала празнична креативност.
Ние ќе ви помогнеме со неколку креативни идеи.

Фото: Пинтерест

Објавено:
9 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
8.620 пати