Симболично, божиќните празници се период од годината кога семејството и блиските луѓе се собираат на заедничка трпеза.
Освен убавата храна и доброто друштво, за перазничниот амбиент да биде целосен, значаен акцент се става и на празничниот декор, вклучително и на декорирањето на трпезата.
Можностите и опциите за празнично украсување на масата се навистина бројни, а особено ако се земе инспирација од Пинтерест, каде ќе наидете на фантастични идеи што се граничат со магија.
Оваа година особено се популарни декорациите со природни детали, за да се остави што попријатен и топол впечаток.
Во игра се природни гранчиња од зимзелено дрво, сушено овошје како и шишарките кои се прва асоцијација за зимски декор.
Божиќниот венец за маса секогаш го зазема централното место, а дополнителен шмек може да дадат и ароматичните свеќи.
Ако на сето тоа го додадете мирисот на цимет и чај, ја имате комплетната празнична слика.
Кој е вашиот омилен стил на декорирање на празничната трпеза?
Фото: Пинтерест