Елеганцијата е безвременска. Затоа многумина се одлучуваат токму за оваа естетика кога го дефинираат уредувањето на ентериерот во својот нов дом или кога го реновираат постоечкиот.
Токму едно такво безвременско, а истовремено модерно решение за ентериерно уредување, ни нудат архитектите од реномираната градежна компанија ELENA LUKA HOME.
Се работи за беспрекорно естетско и функционално предлог решение за стан од 89m2, во рамки на нивниот нов современ станбено-деловен објект „MELODY".
Со цел да се постигне безвременски, а сепак атрактивен простор со eстетика која ќе одговори и на новите трендови, но и класичноста, искористена е палетата на сиви тонови. Тие се искомбинирани со елементи во земјени нијанси што придонесуваат за топлина во домот.
Повеќе информации на овој линк.