ELENA LUKA HOME: Осветување камен-темелник на станбено-деловниот објект MELODY

7 јуни 2024

ELENA LUKA HOME официјално ја започна новата приказна во Скопје наречена MELODY. Во средата, на 5-ти јуни, во свечена атмосфера и во присуство на сопственичката и генерален директор на ELENA LUKA HOME, г-ѓа Елена Пандева, нејзиното семејство, вработените во компанијата, соработници и идни станари, се освети камен-темелникот на објектот MELODY и со тоа официјално се означи почетокот на градба.

Станбено-деловниот објект се наоѓа на самиот влез на населбата Железара на улица Коце Металец и располага со зелен појас од шуми и паркови кои ќе бидат на располагање на станарите. MELODY е компонирана од десетина типа различни станови и разиграна на 8 ката со поткровје уредено со пентхауси и ексклузивен деловен простор. Во склоп на MELODY ќе има двособни, трособни и четирисобни станбени единици.

Самото име асоцира на музика и мелодија, па така и самата визија од самиот старт на проектирањето e со MELODY да се постигне архитектонски дизајн и решение кое естетски ќе зрачи со софистицираност и апсолутно модерен изглед преку разиграноста и мекоста на фасадните линии кои потсетуваат на музички бранови.

Имавме ексклузивна можност да поразговараме со сопственичката и генерален директор на ELENA LUKA HOME, г-ѓа Елена Пандева:

"MELODY е уште едно уникатно архитектинско дело на ELENA LUKA HOME и денес ја имаме честа да го поставиме камен-темелникот и неговото осветување. MELODY е стациониран во населбата Железара на фрекфентна локација и истиот е надоврзување на друг станбен објект изграден претходно на семеен имот. Инспирацијата, како што кажува и самото име на објектот беше музиката, мелодијата и композицијата на животот. Јас лично сум голем љубител на музика и секогаш размислував како би можело да се преточи такво движење во еден станбено-деловен објект. Заедно со моите архитекти направивме еден уникатен проект низ којшто провејува музиката на квалитетното градежништво, музиката на уникатниот дизајн, музиката на функцијата на објектите и на становите, така што ќе имате прилика да сведочите на едно квалитетно домување, онакво какво што само ELENA LUKA HOME знае да изгради и изработи и да подари на своите клиенти." – ни изјави г-ѓа Елена.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELENA LUKA HOME (@elenalukahome)

 

Во врска со досегашните успеси, таа ни сподели:

"ELENA LUKA HOME воведува иновации во делот на градењето, во делот на имплементација на квалитетни градежни материјали, во делот на размислување околу функцијата на имотите, размислувања за практичноста, за сето тоа што се изведува, и сметам дека стандардите на градење на ELENA LUKA HOME се на едно многу повисоко ниво и поставија сериозни лекции на пазарот на градежништво во Македонија. Секако дека сум презадоволна, затоа што има кој да ги следи моите визии, со мене имам еден квалитетен тим на којшто му благодарам до небото, меѓутоа и голем број на соработници, изведувачи и подизведувачи, коишто ја следат оваа комплексна градежна приказна, сѐ до предавањето на клучевите. Целото наше градежно семејство тежнее кон спроведување на сериозни градежни стандарди коишто ELENA LUKA HOME ги зададе и мислам дека ќе имаме само поголеми успеси и уште повеќе квалитетни објекти во иднина."

Поразговараме и со Фросина Лазарова, менаџерот за продажба на ELENA LUKA HOME:
"Објектот MELODY е составен од вкупно 54 станбени единици распределени на седум нивоа, и се со различна типологија од 45м2 до 89м2. Во станбено-деловниот објект имаме интерес и за поголеми станбени површини од понудените и на клиентите им е понудено спојување на повеќе станбени единици од нашиот тим од архитекти, односно прилагодено решение според нивните потреби, па така стигнавме до квадратура од 102м2 со одличен распоред. На оваа атрактивна локација на самата улица Коце Металец, приземјето од објектот е резервирано за деловен простор со корисна површина од 388м2, кој е поделен во четири деловни единици од 88м2 и од 106м2 со можност за нивно функционално спојување согласно потребите на клиентите и нивните бизнис цели. Интересот за инвестирање во ELENA LUKA HOME е сѐ поголем, како за станбен, така и за деловен простор." – ни сподели Фросина.

За MELODY го прашавме и комерцијалниот директор Филип Стантич:
"Денес присуствуваме на отворањето на камен-темелникот на станбено-деловниот објект MELODY чија главна спецификација е неговиот изглед и фасада, но ќе има вградено и многу добри и квалитетни енергетско-ефикасни материјали. Објектот е буквално една музика којашто ќе провејува во оваа населба." – истакна Филип.

За импозантноста на објектот MELODY, како и за квалитетот на градба, зборувавме и со раководителот на објект Славко Јосифоски:
"Станбено-деловниот објект MELODY со својата современа архитектура ќе претставува во иднина посебно обележје, како и реперна точка во населбата Железара. Би потенцирал дека теренот е доста специфичен и посебно внимание се посвети на статиката на објектот, како и стабилизација на теренот, а исто така се внимаваше многу и на вградените материјали и начинот на изведба на самиот објект, од конструктивен аспект, па сѐ до финалните интервенции." – ни посочи Славко.

"Самиот концепт на овој објект беше инспириран од една идеја да му се даде една нова мелодија на градот и практично целата фасада рефлектира едно нотно писмо и со својата разиграна линија претставува буквално мелодија од објект. Станбениот простор на MELODY содржи 15 концепциски решенија и се движат од двособни до четирисобни станови со квадратура од 45 до 89м2. Во приземјето се јавува деловен простор односно четири единици коишто мислам дека со својата поставеност на улица Коце Металец претставуваат многу добар момент за инвестиција во деловен простор." – ни изјави техничкиот директор Андреа Јанков.

Своите видувања ни ги сподели и Небојша Антиќ, креативниот и маркетинг директор во ELENA LUKA HOME:
"При осмислувањето на станбено-деловниот објект MELODY тргнавме од идејата која мислам дека е идеологија на секој човек, кој сака, народски кажано – животот да му биде како песна или симфонија, па оттаму се роди и фасадното решение, а понатаму и слоганот "За живот како симфонија", затоа што сѐ е синхронизирано. MELODY ќе биде дел од една од најзелените општини во Македонија со парк од околу 1000 хектари со рекреативни патеки, игралишта за деца, со опкружување со многу факултети и клиники, а многу близу е и центарот на градот, така што локацијата е внимателно бирана за да им угодиме на нашите клиенти." – сподели Небојша.

Меѓу присутните гости на настанот, беа и голем дел од идните станари, па имавме можност да поразговараме со еден од нив:
"Квалитетот на градбата што го нуди ELENA LUKA HOME ме привлече најмногу при решавањето на станбеното прашање, а оваа компанија е позната по тоа. Исто така, зелената површина што се наоѓа околу MELODY, како и убавата местоположба беа клучни, посакувам уште многу успешни приказни во иднина." – ни ја сподели својата радост господин Миле.

Во продолжение погледнете ја галеријата од овој свечен настан.

 

 

 

Објавено:
7 јуни 2024
Категорија: 
Архитектура
Тагови: 
Melody Elena Luka Home