Моќта на црвената боја во ентериерот

15 февруари 2024

Иако можеби на прв поглед ќе ви се чини премногу смело да ја внесете црвената боја во ентериерот, следниве неколку примери ќе ве убедат во спротивното.

Црвената боја се поврзува со енергија и страст, со себе го носи ефектот на возбудливост и е одлична да ја разбуди атмосферата ако е премногу еднолична.

Од модата сега оваа боја се сели во домовите, но со добро осмислено комбинирање на нијанси и количини. Кога имаме светли ѕидови и мебел во ист тон, црвената боја во облик на интересни детали ќе биде добредојдена.

Перничиња, ламбички, вазни, мини ќебенца, рамки и слично ќе ја овозможат совршената рамнотежа во просторот.

Светлите нијанси ќе донесат доза на топлина и ведрина, додека оние темните, како бордо, ќе го направат просторот елегантен и луксузен.

За да ја пронајдете вистинската нијанса на црвената боја, советуваме прво да испробате на некоја мала површина, за да видите како истата се вклопува со вашиот ентериер.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emma Lee (emma27lee)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alicia Martinez (alichuree)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adam Spychala (didyouseeadam)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Neptune (neptunehomeofficial)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Yunji (yunji_yi)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Neptune (neptunehomeofficial)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mareike (purbeck.stone)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Harvey Maria (harveymaria)

Објавено:
15 февруари 2024
Категорија: 
Архитектура