Сино-белите пруги веројатно се првата асоцијација кога е во прашање морнарскиот стил, толку обожуван и кај модните и кај дизајнерите на ентериери.
Неслучајно е така, затоа што оваа естетика дава една посебна свежина и чувство на опуштеност, како во плакарот, така и во дневната, спалната соба или на вашата тераса.
Доколку сакате во вашиот дом да постигнете амбиент како постојано да сте на море, доволно е да имплементирате дел од карактеристичните морнарски мотиви.
Постојат различни варијации и опции да го доловите моментот, од украсни дезенирани перничиња до филџани во сино-бели пруги во кои ќе го испиете првото утринско кафе.
На оваа естетика совршено се надоврзуваат и сламените детали, како и украсните елементи во форми на школки.
Неколку идеи плус, на фотографиите во продолжение.
Фото: Пинтерест