Приказната зад осамената куќа на реката Дрина

4 април 2023

Дали сте слушнале за осамената куќа во реката Дрина? Мала напуштена куќичка изградена на карпа зад која се крие интересна приказна.

Оваа мала градба се наоѓа близу градот Бајина Башта во Србија, недалеку од Националниот парк Тара.

Куќичката стана популарна благодарение на насловната страна на National Geographic во 2012, на која што се најде откако беше фотографирана од страна на унгарката Ирена Бекер.

Сè започнало уште во 1968 година, кога група момчиња што пливале во реката сакале да изградат место за одмор на осамената карпа што се издигнувала од површината.

Тоа и се случило, момчињата ги искористиле даските што ги понеле со нив во реката и направиле куќарка.

Првата градба не издржала многу, но мештаните ги здружиле силите и повторно изградиле куќа на карпата сред река. Со помош на кајчиња ги носеле материјалите и трпеливо ги составувале.

Оттогаш се поминати пет децении, а осамената куќа на карпа е една од најголемите атракции во областа.

Досега се изградени вкупно шест различни куќи, секоја посилна од претходната, со надеж дека ќе го преживее следното надоаѓање на реката.

Интересна дестинација за создавање на прекрасни фотографии.

Фото: Pinterest

Објавено:
4 април 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
324 пати