„Bridal Fashion Night“ на 12 – ти февруари во Скопје Мериот Хотел

20 јануари 2017

„Скопје Мериот хотел“ ќе биде местото каде на 12 –ти февруари по петти пат ќе се одржи „The Bridal Fashion Night“ со почеток во 19:30 часот. 

Настанот кој веќе традиционално го организира тимот на Моден викенд Скопје ќе биде целовечерен моден водич и можност двојките во хотелот да го најдат своето совршено место за свадбениот ден. 

Ноќта на невестите под мотото „REAL VENUE FOR REAL BRIDES“ ќе ја отвори ревијата на салонот за венчаници „Зиане“, а едно од најпознатите македонски медиумски лица за прв пат ќе облече невестински фустан токму со потпис на дизајнерката Зиане Бакиу. 

Вечерта ќе продолжи со дефилеата на еминентните „Ал Апарел“ на Наташа Карчева со најновата колекција „Timeless beauty“ и „Elizabet design studio“ со креациите инспирирани од животната енергија, симболично наречени „Vigor“. 

Модно шоу ќе имаат и ателјето „Vlora&Kaltrina“ и модната куќа „Менакон“ од Косово кои веќе неколку сезони ги презентираат колециите пред македонската публика. 

Вечерта ќе ја затвори ревијата на дизајнерката Јасмина Дракул. 

За декорација на просторот ќе се погрижи Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“. 

„Се радуваме што придонесуваме и ја олеснуваме организацијата на еден од најважните случувања за секоја двојка која се подготвува за својот свадбен ден. По петти пат на сите нив ќе им помогнеме пред се во изборот на идеалниот невестински фустан, локацијата, како и на останатите детали по кои се во потрага“, велат организаторите. 

Идните невести кои сакаат да присуствуваат на настанот треба да испратат име и презиме како и датата на која е закажана свадбата на weddings.skopje@marriott.com или на Фејсбук страницата /@skopjemarriott најдоцна до 8 февруари.

Бројот на места е ограничен, а идните невести можат да присуствуваат со уште едно лице.

Објавено:
20 јануари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
312 пати