Новата колекција невестински фустани на дизајнерката Џени Пекам е насловена „Средозападна фантазија“.

Новите венчални фустани за сезона пролет 2017, британската дизајнерка ги претстави на модната недела одржана во Њујорк, поточно во нејзиниот изложбен салон во градот.

Во каубојска атмосфера, таа претстави креации со смирен тон и едноставен крој. Акцентот го стави на убавите, „лесни“ материјали, па на момент венчалните фустани потсетуваат и на естетиката на бохо-периодот, но не можат да се изостават и оние со принт со ѕвезда, збогатени со кристали, што дава гламурозна нота на колекцијата.

Без разлика што би одбрале од нејзините креации, јасно е дека сакала да претстави колекција каде ќе доминира лежерната елеганција, со што во фустаните не би имале никаква пречка да се забавувате.

Објавено:
4 мај 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.952 пати