Елена Лука ќе ја претстави новата ексклузивна колекција венчаници на Саемот за венчавки во „Александар Палас“

7 февруари 2020

На јубилејниот, 10. по ред Саем за венчавки што ќе се одржи од 21. до 23. февруари во хотелот „Александар Палас", нашиот моден бренд Елена Лука ќе ја промовира својата нова, ексклузивна колекција венчаници за актуелната сезона.

Во концептот на програмата, венчаниците на Елена Лука ќе имате можност да ги видите изложени на нивниот штанд што секоја година изобилува со посебен раскош и убавина, а исто така венчални фустани од новата линија ќе бидат дел и од модната ревија.

„Кога уметноста треба да се преточи во венчален фустан, тогаш новата колекција венчаници на модниот бренд Елена Лука е разгледница од уметнички дела. Секоја венчаница е со свој специфичен сензибилитет во кој се обединети елеганцијата, авангардната естетика и уникатниот дизајн, сон на секоја невеста. А Елена Лука ги реализира соништата на сите невести. Токму со таква приказна е и актуелната колекција венчаници за сезоната 2020, богата со раскошни модели изработени од луксузни материјали, доработени со бисери, кристали и пердуви, акцентирани со уникатни рачни доработки. Секој венчален фустан е олицетворение на карактер, лична естетика, свој поглед на совршеното, во кој ќе се препознае невестата за која е создаден. Секоја венчаница на Елена Лука е посебна магија", се вели во најавата за новата венчална линија на модниот бренд.

Сите идни невести што ќе го посетат саемот ќе имаат можност одблиску да ја почувствуваат магијата на венчаланите фустани, да се информираат за сите детали, а секако омилените модели ќе може да ги пробат на себе.

Се гледаме на 10. Саем за венчавки.

Објавено:
7 февруари 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
3.682 пати