Совршенството има име: Раскошната колекција венчаници на Елена Лука за 2020 ќе биде промовирана на Саемот за венчавки

19 февруари 2020

На јубилејниот, 10. по ред Саем за венчавки што ќе се одржи овој викенд (од 21. до 23. февруари) во хотелот „Александар Палас", нашиот моден бренд Елена Лука ќе ја промовира својата нова, раскошна колекција венчаници за 2020 година.

Венчаниците на Елена Лука ќе имате можност да ги видите изложени на нивниот штанд што секоја година изобилува со посебна грациозност и убавина, а исто така венчални фустани од новата линија ќе бидат дел и од модната ревија на отворањето на саемот.

„Кога уметноста треба да се преточи во венчален фустан, тогаш новата колекција венчаници на модниот бренд Елена Лука е разгледница од уметнички дела. Секоја венчаница е со свој специфичен сензибилитет во кој се обединети елеганцијата, авангардната естетика и уникатниот дизајн, сон на секоја невеста. А Елена Лука ги реализира соништата на сите невести. Токму со таква приказна е и актуелната колекција венчаници за сезоната 2020, богата со раскошни модели изработени од луксузни материјали, доработени со бисери, кристали и пердуви, акцентирани со уникатни рачни доработки. Секој венчален фустан е олицетворение на карактер, лична естетика, свој поглед на совршеното, во кој ќе се препознае невестата за која е создаден. Секоја венчаница на Елена Лука е посебна магија", се вели во најавата за новата венчална линија на модниот бренд.

Во новата колекција се обединети актуелните тенденции за 2020 година со уникатнот дизајнерски израз карактеристичен за Елена Лука, доведувајќи ја целината до совршенство.

Во продолжение издвојуваме неколку фантастични модели на венчални фустани конципирани според различни тенднеции што ќе бидат актуелни годинава.

Тенденции кај венчаниците за 2020

Карнери

 

Волуменозен А крој

 

Пердуви и реси

 

Крој што ја следи силуетата

 

Асиметрија

Сите идни невести што ќе го посетат саемот ќе имаат можност одблиску да ја почувствуваат магијата на венчаланите фустани, да се информираат за сите детали, да добијат ексклузивни попусти, а секако омилените модели ќе може да ги пробат на себе.

Се гледаме на 10. Саем за венчавки.

 

 

Објавено:
19 февруари 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.007 пати