Есенски невестински трендови

29 август 2013

Септември е еден од свадбените месеци. За сите идни невести, кои ќе имаат есенска сбадба ги презентираме актуелните трендови.

Ако досега акцентот беше ставен на гламурот и раскошноста, оваа есен е актуелна сведеноста и нежноста. Венчанниците како фустани, со богат накит се вистински хит. Исто така, еден од трендовите кој не поминува е тантелата.

Таа и оваа есен ќе е застапена, во поедноставна варијанта, без многу монистра и украси. Особено се става акцентот на кусите ракави од тантела, а и долгите се една од опциите.

За фустаните што ќе имаат едноставна линија, се препорачува украс во пределот на половината, што ќе го услогласите со накитот или бидермаерот.

Кога е накитот во прашање актуелен е оној од сребро, бело злато или кристали. Обетките со црвен кристал се секогаш добар контраст и делуваат ефектвно.

Она што не е пожелно се мини фустаните, што поради непредвидливите временски услови, а што и поради самиот тренд.

Кога се боите во прашње, се препорачуваат крем и розева (пудра), како и посмели комбинации на бои особено во деталите - ремен од перли, кристали, свежо цвеќе... Млечно белите фустани се во втор план.

Сепак, вкусовите се различни, а на денот на свадбата е најважно да сте задоволни и среќни, па затоа одберете го она што ќе ве направи да се чувствувате токму така.

 

 

Објавено:
29 август 2013
Категорија: 
Бела соба