Кој со кого ќе заплива во брачните води, гласини, очекувања, објави или бракови кои ќе ја одбележат есенската сезона.
Први на врвот, нормално славната двојка Бранџелина. Многу озборувања, закажувања и датуми, сигурно е само местото каде ќе се одржи свадбената церемонија, нивниот замок во Франција.
Дури и поранешната г-ѓа Пит изненади. Џенифер Анистон наскоро ќе стапи во брак со нејзиниот дечко Џастин Теру. Иако таа во неколку наврати го негира ова и љубоморно го крие датумот од јавноста, сепак очекуваме изненадување.
Кралска свадба на повидок. Шарлот Касираги и Гед Елмале и Татјана Санто Доминго со А. Касираги. Дали ќе биде погламурозна од онаа на Кејт и Вилијам, останува да почекаме до крајот на август.
Нив ги спојува љубовта кон музиката. Адел и Симон Конецки, ќе се венчаат кон крајот на летото. Најверојатно свадбената забава ќе биде на езерото Комо во Италија. Мошне роматично и скапо!
Еуфоријата за овој ѕвезден пар започна. Оливија Вајлд и Џејсон Судекис започнаа со подготовките за нивната свадба. Оливија откри детали за нејзиниот свадбен фустан во интервју за Instyle. Ние сме нетрпеливи а, вие?
Како што изгледа ќе имама богата свадбена програма оваа есен. Ние секако ќе ве информираме за сите детали, поединости и пикантерии!