Среќен роденден Оливија Вајлд!

10 март 2023

Оливија Вајлд е американска актерка, режисерка и активистка за женски права. Позната е по тоа што како филмски режисер најчесто се фокусира на феминистички теми.

Вајлд е поддржувач на Planned Parenthood и гласноговорник за правото на абортус.

Покрај бројните филмски и телевизиски улоги, Оливија е позната и по тубрулентните врски, вклучувајќи ја и романсата со популарниот пејач Хери Стајлс, која што заврши лани.

Убавата актерка од 2003 до 2011 година беше во брак со италијанскиот принц и режисер Тао Русполи.

Две години подоцна се вери со актерот Џејсон Судекис, а парот подоцна доби и две деца. Тие ставија крај на врската во 2020 година.

Вајлд, која што денес полни 38 години, важи и за модна икона.

Во нејзина чест, на овој ден, ги одбравме нејзините најдобри изданија.

Фото:Pinterest

Објавено:
10 март 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
318 пати