Актерката Вајлд на многумина им е позната од улогата во серијата Др. Хаус. Оваа атрактивна бринета со двојно државјанство,американско и англиско, својата популарност најмногу ја стекна кога ја глумеше проблематичната бисксуалка Алекс. Во меѓувреме Вајлд одигра неколку улоги на филмското платно и многупати беше номинирана за тинејџерски награди. На црвениот килим секогаш носи облека од познати брендови како Гучи и Моник Лулие, а на опуштени настани носи парчиња од ресорт колекции на млади дизајнерки имиња.

 

Комбинацијата на миди здолниште со висок струк и краток топ е нејзиниот најдраг аутфит кој го применува на себе во разни варијанти. Исто така, Оливија сака да носи длабоко деколте, но и да истакнува одредени атрибути од нејзиното тело.

И во лежерни изданија, оваа актерка умее да ја изнесе својата пасија кон модата, па така нејзини омилени дневни парчиња се бојс фармерките, чевлите на висока платформа, како и класично спортските комбинации.

 

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Модна икона