Среќна 40-ка Емили Блант!

23 февруари 2023

Кога ќе се спомене името Емили Блант на многумина од нас ни се навраќаат легендарните сцени од филмот Ѓаволот носи прада.

Британската актерка која ја играше Емили асистентката на Миранда (Мерил Стрип), во култниот филм денес слави јубилеен 40-ти роденден.

Блант, која што е родена и порасната во Лондон, од 2015 година поседува и американско државјанство. Таа е во брак со актерот Џон Красински веќе 12 години и заедно имаат две ќерки.

Првата улога ја остварува во 2001 година во филмот Royal Family, но она што ѝ донесе голема слава беше улогата во The Devil Wears Prada во 2006-та.

Приказната за престижното списание Runway и случувањата што се одвиваа, отсликаа многу модни (не)реални моменти. Сепак во едно може да се согласиме сите, а тоа е дека  Емили Блант заедно со Ен Хатавеј, Мерил Стрип и Стенли Тучи блеснаа во своите улоги.

Среќна 40-ka!

Фото: Pinterest

Објавено:
23 февруари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
166 пати
Тагови: 
Емили Блант prada