Грациозна кристална колекција венчаници на Проновиас за 2015 година

17 септември 2014

Модниот бренд Проновиас знае дека секоја свадбена бајка има различна хероина. Затоа создаде нова романтична колекција насловена „Crystal Collection“, наменета за сите идни невести кои сакаат да бидат уникатни на својот најважен ден во животот без разлика на тоа каков стил негуваат. За да се задоволи и тој аспект, дизајнерскиот тим понуди плејада на романтични, класични, модерни, но и смели кроеви на венчаници.

Кристалната колекција венчаници за 2015 година, потпишана од Проновиас ќе биде достапна во продавницата во Њујорк од 30-ти ноември . Во луксузниот ентериер грациозно се поставени новите дизајни кои изобилуваат со рачни везови, украсени со скапоцени камења, бисери и монистра. Фустаните главно се изработени во пастелни розови нијанси и боја на слонова коска, декорирани со шармантна игра на високо квалитетна тантела.

Здолништата во полн глок се застапени кај скоро кај секој модел, а кај дел од креациите има вметнато и џебови за да се долови спортската елеганција на крајниот дизајн. Со ист интензитет е застапен и сирена кројот на венчаници, чиј луксузен дизајн и грациозна линија дефинитивно ќе ги исполни сите ваши мечти.

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Бела соба