Раскошните и романтични венчавки од холивудските филмови и серии ретко кого оставаат рамнодушен. Затоа, најпознатите венчавки од филмовите нека ви послужат како инспирација за венчаница, поза за фотографија, костум за младоженецот и уште низа сегменти попратни за една венчавка. Меѓу предложените филмови и серии ви потсетуваме на оние највпечатливите моменти, како онаа кога главната хероина, Кери Бредшо од филмот „Сексот и Градот“ носи венчаница од славната дизајнерка Вивијан Вествуд и венчавката на Вилхелмина од серијата „Грдата Бети“.
Во најпознатите венчавки од Тв екраните ги издвојуваме и сцените од филмовите „Големиот Гетсби“, „Гордост и предрасуди“, “Господин и Госпоѓа Смит“, „Твајлајт Сага“, „Мама Миа“, „Мојата голема грчка свадба“ и „Дневниците на принцезата“. Ништо помалку не остануваат и сериите како „Пријатели“ и „Вил и Грејс“.