Благодарение на славата која ја достигна играјќи ја главната улога во филмот Твајлајт Сага, и неодамна како заштитно лице на модната куќа Шенел, Кристен Стујарт, прерасна во една од најпознатите актерки од нејзината генерација, предизвикувајќи особено внимание кај публиката особено преку нејзиниот стил.
Родена на 9 април, 1990 година, оваа актерка стана холивудска миленичка уште на свои 12 години, кога се појави на филмското платно во улога на ќерка на извонредната Џоди Фостер во трилерот сниман 2002 година, „Panic Room“. Нејзината кариера и созревање во светот на филмот продолжува со низа мали и не толку популарни улоги во филмови, освен филмот од 2007 година „Into The Wild“, кој кај филмоманите предизвика бурни реакции.
Во 2008 година таа беше избрана да ја толкува главната улога, ликот на Бела во тинејџерската атракција, филмот Твајлајт Сага, кој има 5 продолженија, а неа ќе и донесе светска слава, буквално преку ноќ. Како што Кристен растеше и прерасна во веќе етаблиран актер, така и нејзиниот стил со текот на годините се менуваше од лежерен и секојдневен па се до моќни комбинации на Оскар де ла Рента, Версаче и Шанел.
Целата модна еволуција на Кристен од „обична“ девојка од соседството, па се до гламурозна девојка ги поттикна модните критичари да ја катапултираат на врвот на модните листи за најдобро, но, поради несоодветните повремени избори и во листата за најлошо облечени познати личности. Сепак, таа вели дека нејзин заштитен знак и омилено парче гардероба и се фармерките, маичките и патиките.