Најбогатата холивудска актерка е откриена

31 јули 2013

Анџелина Џоли е најбогатата актерка според магазинот Форбс. Нејзиното богатство се проценува на 33 милиони долари за 2013 година и тоа со најголема заработка од филмот „Maleficent“.

Џенифер Лоренс и Кристен Стујарт се на втората и третата позиција со заработка 26 до 22 милиони долари. Џенифер Анистон е на четвртата позиција со 20 милиони, додека актерката Ема Стоун од улогата во филмот „The Amazing Spider-Man“ заработи 16 милиони долари.

Објавено:
31 јули 2013
Категорија: 
Сцена