Форбс ја објави листата за најплатени актерки во Холивуд

5 август 2014

Само две недели откако Форбс ја објави листата за најплатени холивудски актери каде на прво место се најде Роберт Дауни Џуниор, магазинот ја објави и годишната листа за најплатени актерки и нивните заработки. Како и претходните години, така и сега, заработката на машките актери е поголема, односно кога ќе се направи сумирање, тие се двојно повеќе платени за разлика од припадничките на понежниот пол – 419 наспроти 226 милиони долари.

Сепак,  според листата на Форбс  најплатена актерка во Холивуд е Сандра Булок,  која заработила 51 милион долари благодарение на филмот „Гравитација“, кој освои седум Оскари, со заработка над 700 милиони долари. Булок потпиша договор со продукцијата која добива поголем процент на заработка  од овој филм, па покрај авансот од 20 милиони долари, може да очекува дополнителни 50 милиони долари.

На второто место е Џенифер Лоренс,  која за улогата во „Икс Мен“ заработи 34 милиони долари. Веднаш зад неа со заработка од 31 милион долари е Џенифер Анистон, па следат Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли, Камерон Дијаз, Скарлет Јохансон, Ејми Адамс, Натали Портман и Кристен Стјуард.

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Актуел