Според последната листа на најбогати ѕвезди направена од магазинот Форбс, ексцентричната поп пејачка Лејди Гага е на врвот за најбогати личности под 30 години, со заработка од 80 милиони долари за 12 месеци. Најголемата заработка таа ја добила од песната „Born this way“, а за нејзиниот најнов албум „Artpop“ што треба да излезе во месец септември, се претпоставува дека ќе биде уште послушан, а со тоа и Гага ќе има уште поголема заработувачка. Исто така, меѓу добро рангираните на листата на Форбс стојат и имињата на уште неколку пејачки и актерки, меѓу нив е пејачката од Барбадос, Ријана со заработка од 43 милиони долари и го држи четвртото место, Адел е на седмото со приход од 30 милиони, Џенифер Лоренс заработува 26 милиони, додека актерката Кристен Стујарт се наоѓа на деветтото место и сума од 22 милиони долари.
•
25 јули 2013
Објавено:
25 јули 2013Категорија:
Сцена