И сексапилниот Килан Луц почна да дизајнира облека

21 август 2013

Актерот познат по улогата во вампирската сага Твајлајт, Килан Луц, сега ќе се проба и во модниот свет. Toj  во Лас Вегас ја претстави својата колекција за наредната пролет 2014 година, насловена „Abbot + Main“.

 

Мускулестиот актер својата модна линија ја основа во 2011 година  но таа вклучуваше само некои реквизити за на плажа. Новата колекција е фокусирана на жените и вклучува лежерни џемпери и широки маички на прерамки, замислени да се носат како наметки.

Инаку, Луц во моментот го снима „Херкулес 3Д“, а наскоро ќе се појави и во третиот дел на „Платеник“.

Објавено:
21 август 2013
Категорија: 
Сцена