Инспирирајте се: Поинакви детали за вашата венчавка!
•
16 октомври 2013
Вашата венчавка е на прагот, а истата сакате да ја направите сосема поразлична од сите други. На вашиот најсреќен ден сакате да оставите толку голем впечаток, за сите да можат да уживаат буквално во секој детал од организацијата.
Многупати, венчавката се случува набрзина и имате само неколку месеци за нејзината подготовка. Во тие последни моменти на планирање, вие имате милион идеи што сакате да ги реализирате, па она што дефинитивно ви треба е добра организација на секој момент.
Токму во таквите моменти, на неодлучност, на недостаток на инспирација или кога едноставно ви треба идеја повеќе, одвојте време и погледнете ги нашите предлози за малку поинакви и сосема автентични детали за вашата венчавка.