Како да ја складирате вашата венчаница?

8 мај 2013

Чекор 1

За почеток однесете ја венчаницата на хемиско перење. Добро проверете од каков материјал е изработена, за да немате непријатни изненадувања после перењето. Најдобро е да одите во некоја продавница која е проверена дека со внимание ќе ја исчисти. Колку порано ја однесете, толку подобро ќе се избегне оштетувањето и можноста некоја флека воопшто да не се извади.

Чекор 2

Одлучете како ќе ја складирате венчаницата, дали ќе ја ставите во кутија или ќе ја обесите во најлонска заштитна обвивка. Имајте на ум дека ткаенината мора да „дише“ со тоа што овој момент е пресуден за начинот на складирањето. Никако немојте да ја закачите со останатата гардероба во орманот, зашто на тој начин  целиот труд ќе падне во вода.

Чекор 3

Ако се одлучивте за кутија, обложете ја со белата памучна ткаенина и тоа во три слоја, покривајќи ги рабовите на кутијата. Свиткајте ја венчаницата и внимателно измеѓу прекршувањето ставете ткаенина. Целото тоа врзете го со трака и затворете ја кутијата. Ваша задача ќе биде и повремено да ја отворате кутијата да се проветри. Пред повторното враќање во кутијата, оставете ја на собна температура да се суши од влага.

Чекор 4

Доколку се одлучивте за  обвивка за закачување, изберете една од оние обвиени со ткаенина која претходно е исчистена и испеглана. Прекријте ја венчаницата со ткаенина од лен или памук и никако не ја ставајте во пластика која ќе го оштети материјалот и формата на венчаницата.

 

Објавено:
8 мај 2013
Категорија: 
Бела соба