Најслатките кутии за чоколадо

30 јули 2014

Олимпија ги здружи силите со светски познатиот готвач Пјер Марколини па ексклузивно за неговите чоколатца дизајнираше кутија за разните форми на ова слатко задоволство, а секако тука се и познатите макарунс. Во свој препознатлив стил, кутијата ја украси со познатите мотиви очи и усни.

Во внатрешноста на кутијата има селекција на највкусните чоколади кои од 1-ви август ќе бидат на продажба во Марколини. Цените на слатките задоволства се движат од 27 до 37 евра.

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Култура