Кога деталите ја комплетираат венчалната бајка таа станува јаве

18 септември 2014

Кажавте Да, ја избравте венчаницата, а сега останува само најголемиот момент во Вашиот живот- свадбената церемонија и прославата. Веруваме дека чувствувате силни позитивни вибрации и еуфорија, пловите по романтичен свод, а секој ден, минута и секунда размислувате како да ја заокружите финалната подготовка од изгледот. Секоја невеста посакува на себе да го има фустанот од соништата, кој за да ве покаже во најдоброто светло мора да биде комплетиран со вистинските аксесоари. Иако на некој начин се „најмалите“ финеси од изгледот на невестата, но нивната улога е толку голема што во никој случај не треба да бидат оставени на случаен избор.

Доколку стигнавте до моментот кога треба да се одлучите какви и кои парчиња ќе ги ставите на себе, ние и специјализираниот салон за венчаници на модната куќа Елена Лука ќе ви помогнеме околу дилемите при изборот. Тимот од Елена Лука силно верува во значењето и големината на венчавката во животот на една девојка,  затоа секогаш се грижат да создадат беспрекорно финално и уникатно модно дело. Дека тоа е така, ќе се уверите уште на самиот влез од романтичниот и луксузен салон во кој ќе почувствувате дека најважна е само невестата и исполнувањето на нејзините соништа за венчавката.

Покрај тоа што погледот нема да можете да го одвоите од деликатните и луксузни венчаници, рамнодушни нема да останете и на уникатните аксесоари. Масивни и дискретни ѓердани, обетки, дијадеми, цветни шнолички, сите се ставени во понудата од богатиот избор за сечиј вкус.

 

Селекцијата на накитот секогаш се сведува според сензибилитетот на венчаницата, па така покрај веќе постоечките варијанти од понудениот накит, креативните раце на дизајнерите можат специјално да изработат парчиња по ваша желба. Останува она што Ви го раскажавме да го почувствувате лично  и да се препуштите на задоволствата кои ги преплетува венчалната приказна.

Објавено:
18 септември 2014
Категорија: 
Бела соба