Колективна венчавка: 2.000 двојки кажаа „Да“

1 декември 2014

„Волшебниот град“,  Рио де Женеиро, беше домаќинот на огромната колективна венчавка што му се случи на Бразил. На церемонијата во која беа вклучени скоро 2000 двојки, се собраа околу 12 илјади луѓе, се со цел да ја проследат најмасовната венчавка.

Местото каде сегашните сопружници го кажаа судбоносното „да“ беше салата „Мала Маракана“, а целта на случувањето е  за сите кои немаат финансии да направат сопствена венчавка, истата да ја реализираат на еден поинаков начин. Како што пренесува агенцијата AP, некои од двојките пристигнале со патнички воз, во кој невестите ги реализирале своите поготовки околу фризурата и шминката.

Во Рио пред осум години се случи првата колективна венчавка,  чија намена исто така е за двојките што имаат помали месечни примања од 1000 долари. На крајот од церемонијата младите сопружници бесплатно добиваат и венчални листови.

 

Објавено:
1 декември 2014
Категорија: 
Бела соба