Ен Хатавеј блесна во креација на Роксанда Илинчиќ на премиерата на „Рио2“

26 март 2014

Познатата српска креаторка Роксанда Илинчиќ уште еднаш докажа дека е многу обожавана во Холивуд.

На премиерата на „Рио2“ во Мајами, прекрасната Ен Хатавеј блесна во црвено сина тоалета на познатата дизајнерка.

Актерката во анимираниот „Рио2“ го позајмува својот глас на преслатката Jewel која заедно со нејзиниот сопруг Блу и трите деца, го напуштаат Рио де Женеиро и одат на патување низ дождовните шуми на Амазон.

Премиерата на долгоочекуваното второ продолжение на анимираниот „Рио“ се одржа во хотелот „ Fontainebleau“ во Мајами, а забавата и концертот по повод премиерата беа обид да се собори Гинисовиот рекорд за најголема самба журка на светот.

Погледнете ја одличната атмосфера!

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Сцена