Мајли Сајрус во фустан на српска дизајнерка

12 септември 2016

А не е Роксанда Илинчиќ. Младата дизајнерка Ана Љубинковиќ има причини да се радува. Во една од емисиите на „The Voice“,познатата Мајли Сајрус, која е и  еден од членовите на жирито, носеше тиркизен фустан со бисери од оваа перспективна дизајнерка.

Љубинковиќ за убавата вест се пофали на својот Инсаграм профил, а ја пренесоа и српските медиуми. Дали ќе ја наследи Роксанда и дали е ова почеток на нејзината интернационална кариера, останува да видиме.

Покрај облека, Ана создава и модни додатоци, па на линкот тука можете да ги видите и веселите чевли со нејзин потпис.

 

Објавено:
12 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.147 пати