Раде Шербеџија ја доби Elle наградата за Животно дело

9 ноември 2016

Во Кристалната сала во престижниот хотел „Hyatt Regency" во Белград, завчера српското издание на магазинот Elle ги додели традиционалните Style Awards, по четврти пат.

Клучниот момент на вечерта беше доделувањето на наградата за Животно дело која магазинот одлучи да му ја врачи на легендата на југословенскиот филм, актерот Раде Шербеџија.

Вечерта помина во знакот на интересната програма, познатите гости, како и водителскиот пар Бошко Јаковљевиќ и Наташа Миљковиќ.

Светски познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ ја доби наградата за Икона на стилот, додека нејзината колешка Ана Љубиковиќ триумфираше во категоријата Најдобар дизајнер.

За Најдобар модел на годината признанието го доби Мина Цветковиќ, која важи за еден од најуспешните српски модели и во моментот е заштитно лице на луксузниот бренд Алберта Ферети.

Каков беше амбиентот на доделувањето на наградите, погледнете во галеријата во продолжение.

 

 

Објавено:
9 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
339 пати