Охриѓанката Елеонора Лабоска ја доби престижната награда Најуспешни дами и брендови 2024 во Белград

4 јули 2024

Охриѓанката Елеонора Лабоска со нејзиното Beauty Studio Nora ја доби престижната награда NAJUSPEŠNIJE DAME I BRENDOVI 2024 (Најуспешни дами и брендови 2024) во Белград.

Во организација на една од највлијателните радио телевизии FOCUS TV во Hyatt regency belgrade се одржа четвртото издание на престижната манифестација за Успешни Дами и Брендови во 2024 година.

Со седумгодишно искуство во светот на убавината, Елеонора не е само шминкерка, туку и креаторка на магични трансформации. Нејзината страст и талент се неисцрпни извори на инспирација, а нејзината работа ја отсликува нејзината љубов кон деталите и совршенството. Таа ја поттикнува самодовербата и индивидуалноста кај нејзините клиенти со страст што инспирираше бројни клиенти да се чувствуваат самоуверено и убаво.

 

Објавено:
4 јули 2024
Категорија: 
Убавина