Кога зборуваме за секси страната на Рио де Женеиро, секако мислиме на карневалот, кој е веќе во тек. Од 5-ти до 10-ти февруари се очекува околу милион посетители (туристи) да бидат сведоци на еден од најголемите и најатрактивните карневали во светот, како и неколку милиони локални жители.
Исто така, Рио во август ќе биде првиот јужноамерикански град во кој ќе се одржат Летните олимписки игри.
Бразилските власти постојано се загрижени за епидемијата на вирусот зика, како за одржувањето на карневалот, така и за претстојното спортско случување.
Иако се преземаат сите безбедносни и здравствени мерки, опасност дека вирусот ќе нанесе штета на одржувањето на Летните олимписки игри сепак постои.
Рио има и уште еден проблем - длабоката рецесија и економска криза, која се одрази и на карневалската индустрија. Големите танцувачки училишта се жалат дека градскиот фонд е испразнет, а исто така бројот на приватни спонзори е сè помал.
„Ситуацијата е тешка наназад четири-пет години, но оваа година е уште полошо, бидејќи сите се во криза и цените растат“, вели директор на едно од училиштата по самба, Марсио де Соунза.
Со сличен став се и продавачите на сувенири и костими за неформални улични забави.
-Продавницата е речиси празна. Претходните години имаше многу луѓе. Можев да ги продадам костимите во вредност од 15.420 долари за недела дена, а сега ќе бидам задоволна ако продадам четвртина од тоа - вели продавачката, Суад Модас.
И покрај тоа, на нас што го гледаме ова шоу од страна, сексапилот и танцот ни се сè уште гламурозни и привлечни за гледање.
фото: telegraph.co.uk; neurope.eu;