Спектакуларно отворање на ЛОИ: Се вееше и македонското знаме во Токио

23 јули 2021

Во Токио денеска се случи отворањето на  32 издание на Летните Олимписки игри, после пандемиското пролонгирање.

Знамињата на 206 земји се вееја денеска во главниот град на Јапонија, меѓу кои и македонското, а честа да го носат им припадна на Арбреша Реџепи (џудо) и Дејан Георгиевски (таеквондо).

Инаку, годинава на Олимписките игри ќе земат учество 11.091 натпреварувачи, во рамки на 41 спорт, односно 339 дисциплини.

Покрај Реџепи и Георгиевски, македонскиот олимписки тим го сочинуваат и Миа Блажевска-Еминова (пливање), Филип Дерковски (пливање) , Јован Стојоски (атлетика), Пулексенија Јованоска (карате), Бојан Бранковски (стрелање) и Магомедгаджи Нуров (борење).

Инаку, церемонијата со која официјално се отворени ЛОИ во Токио беше спекакуларна.

На стадионот присуствуваа само околу 1.000 луѓе (иако целосниот капацитет изнесува 70.000 луѓе), меѓу кои и високи државни функционери (Џил Бајден, Макрон и други), но поради распоредот на боите на седиштата, визуелниот впечаток беше дека стадионот е комплетно полн. Инаку, стадионот на кој продефилираа земјите учеснички, беше изграден специјално за Олимписките игри кои требаа да се одржат лани, во што се вложени 1.5 милијарди долари.

После јапонската химна, со минута молчење им беше одадена почит на починатите од Ковид-19.

„Нашата планета е дом на различности, никој од нас не е ист. Почитувајќи ги нашите различности и индивидуални карактеристики, се надеваме дека сите ќе можеме да живееме во хармонија и со емпатија еден кон друг“, изјавија организаторите.

За воодушевување беа огнометите, како и танцовите точки, а една од песните која беше вклучена беше и „Imaginе“ со која настапи Џон Леџенд, а на звуците на песната на небото над стадионот 1.800 дрона формираа глобус, што беше посебно впечатлив момент.

 

Честа да го запали олимпискиот оган ѝ припадна на јапонската тенисерка, Наоми Осака

Инаку, најмладиот учесник на годинашниве олимписки игри, е 12 годишната Хенд Заза, пинг-понг играч од Сирија. Од друга страна, олимпискиот тим на Грузија ја има 52-годишната Нино Салуквадзе (срелаштво), која испишува историја, која по деветти пат учествува на Олимписки игри и во текот на кариерата освоила 86 медали.

Целата церемонија можете да ја погледнете и тука:

 

 

Објавено:
23 јули 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
736 пати