Браво: Дејан Георгиевски освои сребрен медал во теквондо на ЛОИ!
•
27 јули 2021
Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски (22) освои сребрен медал на Летните олимписките игри во Токио во категоријата до 80 килограми.
Борбата со Русинот Владислав Ларин заврши 15:9, но ова не го намалува успехот на Георгиевски.
Допрва ќе гледаме успеси од 22 годишниот спортист и јасно е дека пред Дејан Георгиевски е блескава иднина. Ова е прв олимписки медал за Македонија после две децении.
Честитки и му благодариме за радоста што ни ја овозможи!